Партизан во „супер-меч“ славеше над Шортс и Париз

Кошаркарите на Партизан стигнаа до нова победа во Евролигата откако вечерва на домашен терен во премиерниот меч од 23. коло од елитното натпреварување славеа над Париз на македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс со 92-86.

Гостите фуриозно го отврорија натпреварот и по првата четвртина имаа предност од 26-34. Како одминуваше времето домашниот тим заигра далеку подобро во одбраната, па на крајот клучна беше последната четвртина во која на противникот му дозволија само 17 поени и со тоа стигнаа до победа од 92-86.

Ти Џеј Шортс со 19 поени беше убедливо најдобар поединец на натпреварот, додека кај победникот Карлик Џоунс заврши со 17 поени.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...