Партизан во трилер завршница подобар од АСВЕЛ, Валенсија подобра од Олимпијакос

Кошаркарите на Партизан ја запишаа и четвртата победа во низа откако вечерва во трилер меч на домашен терен славеа над АСВЕЛ со 79-78 во натпревар од 33. коло од Евролигата.

Домаќините катастрофално го отворија натпреварот постигнувајќи само 14 поени во првата четвртина по која имаа двоцифрена негатива (14-24). Во вториот период се сменија страните на теренот. АСВЕЛ постигна само осум поени, а Партизан на пауза замина со плус четири 36-32.

Вториот дел помина во израмнета игра на двете страни, а во финишот подобро се снајде Партизан  кој со слободното фрлање на Карлик Џоунс на една секунда до крајот успеа да слави со 79-78.

Во останатите мечеви од вечерашната понуда во елитното натпреварување Барселона славеше над Анадолу Ефес со 78-71. Валенсија го шокираше Олимпијакос во трилер меч славејќи со 85-84, додека Реал Мадрид рутински славеше против Хапоел Тел Авив 92-83.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...