И покрај тоа што имаа предност во поголемиот дел од мечот се до последните минути, кошаркарите на Партизан на крај загубија со 88-82 на гостувањето против Басконија во првиот натпревар од новата сезона во Евролигата.
Избраниците на Жељко Обрадовиќ имаа контрола на играта во првото полувреме добивајќи го со 32-38.
Во вториот дел во ист стил „црно-белите“ го водеа резултатот се до последните пет минути од мечот кога следеше неверојатен пад, па Басконија со извонредна серија во последната минута дојде и до предност од 84-76, на крај за заслужена победа од 88-82.
Во победничкиот тим Маркус Хауард постигна 16 поени, а Французинот Луваву заврши со 15 поени. Тајрик Џоунс со 22 поени беше најефикасен кај Партизан. Брендон Дејвис заврши со 20 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА