Белградски Партизан за малку ќе приредеше партија „од готово-вересија“ но успеа да се избори за финале во АБА Суперкупот, откако во првата полуфинална пресметка славеше против Игокеа со 91-84 и покрај тоа што во еден момент имаше и 25 поени предност.
Кошаркарите на Партизан одиграа три одлични четвртини имаа предност од 20 поени на полувремето, но дозволија катастрофален последен период од играта, кој Игокеа го доби со 11-24, во кој си играа со нервите на своите навивачи и тренерот Жељко Обрадовиќ за сепак на крајот да слават победа за финале.
Во третиот период од играта Партизан имаше предност и од 25 поени (64-39) но дозволи со потценувачка игра кон противникот на само две минути до крајот да дојде до само шест поени (88-82).
Игокеа одигра извонредна четврта четвртина целосно доближувајќи се до црно-белите, но не успеа да стигне до комплетен пресврт.
Партизан во финалето ќе се сретне со подобриот од втората полуфинална пресметка меѓу Будуќност и Студентски центар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА