Партизан загуби од Монако и остана „закован“ на дното (ВИДЕО)

Кошаркарите на Партизан со нов пораз во Евролигата од Монако 101-84, со што српските „црно-бели“ останаа заковано на дното на табелата со 14 порази и шест победи, и немаат можност да се помрднат од последната позиција во моментов. Тие го претрпеа петиот пораз по ред, откако загубија од Виртус Болоња, Жалгирис, Макаби, Валенсија и сега од Монако.

Само на почетокот тимот од Белград се држеше, а откако Монако го презеде водството 11:10, не го испушти до крајот на мечот. Во еден миг домашните имаа и +21, но Партизан влезе во последниот период со какви-такви шанси да дојде до изненадување, и со -11.

Меѓутоа домашните не дозволија Партизан да се доближи, па така на крајот дојдоа до победата.

Стерлинг Браун од Партизан беше најефикасен со 19 поени. Кај Монако Диало постигна 14, Миртои и Страцел по 13 поени.

Во првиот меч денеска, Фенербахче благодарение на импресивната последна четвртина, славеше со 88-80 во дербито со Олимпијакос. Залудни беа 24 поени на Везенков. Болдвин и Хортон-Такер со по 17 поени беа најефикасни кај Фенер.

Се вчитува...