Партизан замената за Пантер ја најде во Алба Берлин

КК Партизан е во преговори со Стерлинг Браун, бекот шутер на Алба Берлин. По заминувањето на Франк Камински, Пантер и Ледеј засега во Партизан остануваат Алекса Аврамовиќ, Балша Копривица, Урош Трифуновиќ, Данило Анѓушиќ, Матеус Понитка и Џејлен Смит. Статусот на бегалецот Бразилец Бруно Кабокло се уште не е дефиниран.

Вања Маринковиќ, Ифе Лундберг и Френк Неликина станаа нови играчи на КК Партизан,. американецот Стерлинг Браун треба да дојде во Белград како замена за Кевин Пантер.

Браун на 29 натпревари минатата сезона имаше просек од 11,2 поени, 3,3 скока и 2,4 асистенции. Најдобриот меч го одигра против Олимпија Милано каде постигна 18 поени и имаше пет скока и пет асистенции.

 

Се вчитува...