Раководството на Ред Бул сериозно ја разгледува опцијата да му врачи отказ на Лијам Лосон по само неколку трки од новата сезона, откако возачот од Нов Зеланд воопшто не ги оправда очекувањата по добиената шанса да му биде партнер на светскиот првак Макс Фертапен.
Ред Бул реши да му даде шанса на Лосон, но тој има катастрофален старт на оваа авантура, испаѓајќи во првите рунди од квалификациите на трите досегашни трки.
Медиумите специјализирани за Формула 1 тврдат дека Лосон ги користи последните кредити, а доколку наскоро драматично не ги поправи резултатите ќе биде заменет со Јуку Цунода.
„Секогаш ќе има гласини поврзани со нашиот клуб. Не сакаме избрзано да реагираме. Јасно е дека Лијам има проблеми, како да не му верува доволно на својот болид, па ние како екипа направивме одредени промени за тој да се чувствува покомотно. Се надевам дека тоа ќе донесе резултат. Ние знаеме дека Лијам е одличен возач, затоа и му дадовме шанса во тимот на Ред Бул, но од некоја причина тој се уште не почнал да го покажува тоа“, изјави тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА