Чави Пасквал има причина да биде разочаран по слабото издание на Романија и убедливиот пораз од осум гола на гостувањето против Скопје.
Романците најавуваа одмазда за елиминацијата од пред четири години, но Пасквал и неговите избраници не очекуваа толку моќно издание на „црвено-жолтите“, па романските ракометари сега се соочуваат со невозможна мисија, да бркаат осум гола негатива на саботниот реванш во Букурешт.
„Честитки на македонскиот состав за победата. Ние игравме 45 минути на добро ниво, но во последните 15минути се распаднавме. Се виде дека ни недостига искуство на играње на вакви тешки натпревари, застанавме во финишот и тоа ни се одмазди. Македонија беше подобра од нас, но разликата во конечниот резултат не е реална“, истакна селекторот Пасквал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА