Паспаљ распали по Пешиќ: Мајсторе, те немаше 15 години, а сега објаснуваш

Легендата на српската кошарка Жарко Паспаљ во разговор за хрватски медиум се осврна на изјавата на селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ дека српската кошарка ја очекува истата судбина како и хрватската бидејќи веќе долги години не се вложува во спортот на вистински начин.

Паспаљ жестоко му одговори на Пешиќ критикувајќи го за тоа дека кога работел во странство не се грижел за иднината како сега кога има пристоен договор на селекторското место.

„Тој тоа го говори последните четири години. Мајсторе, каде беше во последните 15 години? Не се грижеше бидејќи работеше во странство. Мислам дека е лидемерно дека предупредува сега, кога гледа од прва рака што се случува. Ние добро го знаеме тоа, а што направија тој и сите други големи тренери по тоа прашање? Што направија за на било кој начин да дадат поттик на младите тренери и младите играчи? 

Се сложувам, ако продолжиме вака ќе ни се случи тоа што и се случи на хрватската кошарка, но имал 15 години да говориш на тоа и што направи? Не му беше грижа тогаш беше „надвор“. Србија тогаш не го интересираше. Сега кога дојде, потпиша пристоен договор и има што да каже. Тоа што Пешиќ го направи на клупата на Србија е фантастично, никој не може да му го одземе тоа, но се останато… Подобро да молчам“, изјави Паспаљ.

Се вчитува...