Аргентинскиот интернационалец Хавиер Пасторе се враќа во Италија. Тој ќе потпише четиригодишен договор со италијанскиот калчолигаш Рома и ќе го засили средниот ред на „волчицата“. Раководството на Рома ќе исплати 20 милиони евра отштета на Пари Сен Жермен, плус дополнителни 5 милиони евра како бонуси, а Пасторе ќе заработува 4 милиони евра годишна нето плата.
Тој е деветтото засилување за Рома во ерата на спортскиот директор Мончи, кој направи вистинска револуција на „Олимпико“. Рома стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите, а заврши на третата позиција во Серија А.
Ова лето во редовите на Рома веќе пристигнаа и Кристанте од Аталанта, Миранте од Болоња, Анте Чориќ од Динамо Загреб, како и Џастин Клајверт од Ајакс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА