Кошаркарската репрезентација на Македонија требаше да има лесен пат до Братислава, откако беше предвиден лет до Виена, а потоа автобуски да стигне до словачкиот главен град. Сепак, ситуацијата се искомпликува поради лошите временски услови во Виена, поради што летот доцнеше уште при тргнувањето од Скопје.
Откако авионот полетал, биле добиена информација за торнадо во близина на австриската метропола. Поради ова како што кошаркарите се приближувале до Австрија, така и турбуленциите станувале се посилни, за на крајот да биде решено авионот да биде пренасочен за Грац.
Таму повторно следело чекање од неколку часа, по што нашиот национален тим стигнал до Виена, од каде конечно се упатил и кон Братислава.
Оставајќи го торнадото зад себе, македонските кошаркари ќе одиграат две контролни средби со селекцијата на Словачка, по што ќе се вратат назад во Скопје, за последната фаза од подготовките во пресрет на претквалификациите за СП 2019 што ќе се одржи во Кина.
фото: Хојте
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА