Металург повторно се соочи со непланирано патешествие при враќањето од Веспрем, откако авионот со кој македонскиот вицепрвак требаше да пристигне во Скопје не слета на аеродромот во нашиот главен град.
Планот беше ракометарите на Металург со редовниот лет од Виена да дојдат во Скопје, авионот најпрвин многу доцнеше на тргнување, за потоа поради густата магла да направи шест круга на нашата земја пред да се врати назад во австриската метропола.
Како јавува ракометниот вицешампион преку својата официјална веб-страница, околу 20.30 часот Металург ќе лета за Приштина каде ќе слета околу 22 часот, а потоа со автобус ќе пристигне во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА