Неизвесната сезоната во македонската кошарка продолжи и во четвртфиналето од разигрувањето за титула. МЗТ Скопје е единтвениот кој успеа во два натпревари да се пласира во следната фаза, а останатите три полуфиналисти ќе бидат познати овој викенд по одигрување на натпреварот „да се биде или не“.
Вториот полуфиналист ќе биде познат денеска по одигрување на натпреварот помеѓу ТФТ и Еуро Никел кој започнува од 17 часот во СРЦ „Кале“. По „брејкот“ на кавадарчани во Скопје и скопскиот состав успеа да направи „брејк“ во Кавадарци со што останува отворено местото меѓу најдобрите четири.
View this post on Instagram
Третиот полуфиналист ќе биде познат утре од 18 часот во „Младост“ каде Гостивар ќе се обиде да ја зачува перфектанта серија на победи на домашен терен. Работнички ги надигра „сино-белите“ во Скопје, но мора да направи подвиг и на гостински терен и за прв пат во сезоната да ја освои тврдината.
Последниот патник во полуфиналето ќе го дознаеме од 20 часот и 30 минути кога во „Боро Чурлевски“ силите ќе си ги одмерат Пелистер и Феникс 2010. Битолскиот и скопскиот тим одиграа два одлични натпревари коа беа решение во последната минута па очекувањата се уште еден одличен и неизвесен дуел во „мајсторката“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

