Бразилскиот интернационалец Александре Пато е на прагот да го напушти шпанскиот прволигаш Вилјареал во овој зимски преоден рок и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Турција. За него сериозен интерес покажува турскиот клуб Галатасарај. Медиуимите во Турција нагласуваат дека трансферот е пред конечна реализација, а Пато е задоволен што во Галатасарај ќе добива поголема годишна плата.
Вилјареал на местото на Бразилецот ќе се обиде да ги ангажира Адријан Лопез од Порто и Фелипе Каиседо од Еспањол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА