Патрик Евра условно осуден на година дена затвор

Поранешниот француски фудбалски репрезентативец Патрик Евра е условно осуден на 12 месеци за напуштање на своето семејство во периодот од мај 2021 година до септември 2023 година, откриваат француските медиуми.

Судот во Нант му пресуди на сега 43-годишникот како виновен и поради тоа ќе треба и плати на поранешната сопруга Сандра четири илјади евра за морална штета и две илјади евра судски прошоци, а и алиментација блиску до една милион евра.

Патрик и Сандра беа во брак од 2007 година и тие заедно имаат две деца. Британскиот таблоид „Дејли Мејл“ во 2020 година објави фотографија од Евра како ја бацува данската манекенка Александра Маргу додека се уште беше во брак.

Разводот следеше пред четири години, а во меѓувреме Евра со Маргу доби две деца.

Се вчитува...