Легендарниот кошаркар на Њујорк никс, Патрик Јуинг е пуштен на домошно лекување. На Јуинг пред неколку дена му беше дијагностициран Covid-19, по што веднаш беше хоспитализиран.
За среќа, ситуацијата со здравјето на центарот на оригиналниот „Дрим-тим“ се движи во одлична насока, а Јуинг е пуштен од болница, информација која на твитер ја објави неговиот син Патрик Џуниор, кој исто така им се заблагодари на здравствените работници кои одлично се грижеле за неговиот татко.
Јуинг во кариерата ги водеше Њујорк Никс до две финални серија во НБА во 1994 и 1999 година.
— Patrick Ewing Jr (@pewingjr6) May 25, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА