Поранешниот НБА центар Патрик Јуинг се врати во Њујорк Никс. Патрик Јуинг е жива легенда на Њујорк Никс и центар кој ја помина речиси целата своја НБА кариера во тој тим.
Беше драфтуван во 1985 година (контроверзен НБА драфт каде се сметаше дека е наместен за да оди во Никс) и играше со нив во финалето на НБА во 1995 и 1999 година, но не освои шампионски прстен.
Јуинг беше во Никс до 2000 година и по 15 години отиде во Сиетл Суперсоникс, а потоа во Орландо Меџик, каде што ја заврши кариерата во 2002 година. Тој работеше како помошник тренер во Вашингтон, Хјустон, Орландо и Шарлот и беше главен тренер на неговиот поранешен универзитет Џорџтаун од 2017 до 2023 година.
Сега Патрик Јуинг се враќа во Њујорк Никс и ќе биде тимски амбасадор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА