Напаѓачот на Рома, Патрик Шик силно верува дека неговиот тим може да постигне три гола против Ливерпул утре во Рим на реванш дуелот од полуфиналето, и да обезбеди финале во Лигата на шампионите.
Рома загуби до 5-2 на првиот натпревар на „Енфилд“, но чешкиот офанзивец смета дека Ливерпул воопшто не е така силен во одбраната, како во нападот, па затоа три гола за нив нема да бидат проблем.
„Како и против Барселона, ќе биде одлична атмосфера. Дури ќе има и многу поголем број навивачи сега против Ливерпул. На крајот на краиштата, ние видовме дека тие воопшто не се така моќни во одбраната како што се во нападот. Затоа сум сигурен дека имаме сериозна можност да постигнеме три гола на домашен терен“ – вели Шик пред утрешниот меч и дополнува:
„Според мене, од првата минута треба да истрчаме на терен без никаков страв, отворено и со одлучна цел во офанзивата“.
Тензиите меѓу фановите на двата клуба веќе стартуваа и во Ливерпул…
„И нашата соблекувална е со мислите со оние повредени навивачи на Ливерпул… Такви нешта не му се потребни на фудбалот, мора да постои почит меѓу двата клуба и двете навивачки групи. Верувам реваншот ќе мине во комплетно коректна атмосфера“ – вели Патрик Шик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА