Италијанската Џенова објави официјално дека е продолжен договорот со францускиот тренер Патрик Виера.
48-годишниот Виера останува тренер на Џенова до 30 јуни 2027 година, откако ја презеде во ноември минатата година.
„Имав многу интензивен период откако пристигнав во Џенова. Успеавме да го обезбедиме опстанокот на Џенова во Серија А и гордо да ја завршиме сезоната, како што заслужува овој клуб“ – рече Виеира, по потпишувањето на новиот договор.
Џенова ја заврши сезоната во Серија А на 13. место на табелата со 43 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

