Прославената француска легенда, Патрик Виеира повторно се враќа со тренерски ангажман во Лига 1 во Франција.
По епизодата во премиерлиот Кристал Палас, Виеира сега го презема францускиот прволигаш Стразбур.
„Среќен што доаѓам во Стразбур. Ја знам историјата на овој клуб и значењето кое го носи за овој регион, со сета страст за фудбалот. Денес започнува нов циклус за Стразбур и возбудливо е како тренер да можеш да изградиш нешто кое се темели на вредностите кои ја дефинираат силата на клубот“ -порача Виеира потпишувајќи тригодишен договор.
Виера во својата досегашна тренерска кариера има работено уште во Ница, Њујорк Сити и во академијата на Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА