Екс-фудбалерот на Манчестер јунајтед, Патрис Евра, потпиша шестмесечен договор со Вест хем. Французинот во редовите на „чеканите“ пристигна како слободен играч, откако во ноември Марсеј го избрка од клубот поради извршен физички напад врз навивач. Ангажманот на искусниот лев бек се оствари бидејќи англиските клубови имаат одреден период во кој можат да потпишат соработка со играч кој е без клуб по завршувањето на преодните рокови.
36-годишниот бек по четири години се враќа назад во Премиер – лигата, претходно цели осум сезони ги бранеше боите на клубот од „Олд трафорд“, додека во кариерата настапуваше и за Јувентус, Монако, Ница, и Марсеј. 12 години беше редовен член на „триколорите“, одигра вкупно 81 натпревар за француската репрезентација.
We love this game! #ForEvraBlowingBubbles pic.twitter.com/UugpXaL6um
— West Ham United (@WestHamUtd) February 7, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА