Патрис Евра е подготвен за камбек во англиската Премиер-лига откако беше обелоденето дека францускиот ветеран ги финализира преговорите за преселба во Вест хем.
Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и на Јувентус неколку месеци е без клуб, откако беше отпуштен од Олимпик Марсеј по тепачката со еден навивач на оваа екипа. Во меѓувреме Евра беше поврзуван со неколку клубови, за на почетокот од февруари конечно да ги интензивира преговорите со Вест хем. Дејвид Мојес има проблеми на позицијата лев бек и се надева дека со ангажманот на Евра ќе добие на искуство и стабилност.
Се очекува договорот да биде потпишан во следните 24 часа, а бидејќи доаѓа како слободен играч Французинот ќе може веднаш да дебитира за новиот клуб, на саботниот меч на домашен терен против Ватфорд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА