Францускиот интернационалец Патрис Евра ќе го напушти италијанскиот првак Јувентус во зимскиот преоден рок и е многу блиску до враќање во Премиер – лигата. Медиумите на Островот откриваат дека тој се договорил со менаџерот на Кристал Палас, Сем Алардајс, да стави потпис за овој клуб и да игра за нив до завршувањето на следната сезона, во наредните 18 месеци.
Иако имаше најави дека тој би можел да се врати и во Манчестер јунајтед, сепак, тоа нема да се оствари. За Патрис Евра постоеше сериозен интерес и од шпанскиот прволигаш Валенсија, но на крајот тој сепак ќе заврши во редовите на Кристал Палас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА