„Пациент“ на векот: Прими гол, па тргна да го тепа својот соиграч и доби црвен картон

Неверојатни сцени доаѓаат од шампионатот на Северна Ирска, каде голманот на Гленторан, Арон Мекери, заработи црвен картон поради дивјачко однесување и удирање на свој соиграч за време на натпреварот со Колерејн што заврши 2-2.

Инцидентот се случи во 80. минута, при постигнувањето на израмнувачкиот гол за Колерејн, по што бесниот Мекери полуде и го удри својот соиграч, потоа почнувајќи и да го влече додека тој лежеше на теренот.

Соиграчите спречија уште поголем инцидент, а судиите веднаш реагираа и му покажаа црвен картон…

 

Се вчитува...