Пау Гасол ќе паузира шест седмици

Центарот на Сан Антонио спарс, Пау Гасол, за првпат излезе во јавноста по операцијата на метакарпалната коска на левата рака, покажувајќи дека операцијата што е направена пред неколку дена е успешна. Тој им се заблагодари на фановите за поддршката и најави дека за шест седмици ќе биде повторно на паркетот.

„Би сакал да ви се заблагодарам за поддршката. Можете да погледнете како изгледа сега мојата лева рака, по операцијата што ја имав во петокот. Би сакал повторно да сум назад на паркетот побрзо, но ќе мора да издржам шест долги седмици“, напиша Пау Гасол на Инстаграм.

 

Се вчитува...