Двократниот НБА шампион, Шпанецот Пау Гасол повторно се враќа во Европа. Легендарниот кошаркар е во завршна фаза од преговорите за враќање во редовите на Барселона.
40-годишниот Гасол планира да одигра уште една сезона, и сака тоа да биде Барселона.
Шпанецот од ноември минатата година е без клуб откако беше отпуштен од Портланд, а во 2019 година и не играше нешто премногу. Последниот натпревар го одигра во дресот на Милвоки бакс.
Пау Гасол кариерата ја почна токму во Барселона за која играше од 1998 до 2001 година освојувајќи две шампионски титули. Потоа следеше НБА кариера, во Мемфис, ЛА Лејкерс, Чикаго булс и Милвоки бакс. Две шампионски круни освои со ЛА Лејкерс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА