Паула Бадоса го откажа настапот на УС Опен

Шпанската тенисерка Паула Бадоса (27) се откажа од Отвореното првенство на САД поради повреда на долниот дел од грбот, објавија организаторите на последниот Гренд слем во сезоната.

Светската тенисерка број 12, полуфиналист на овогодинешниот Отворен турнир на Австралија, не играла од поразот во првото коло на Вимблдон. Повредата ја спречи и да ја одбрани титулата на турнирот во Вашингтон минатиот месец.

Слични проблеми ја мачеа и во 2023 година, кога исто така мораше да го пропушти Отвореното првенство на САД.

По нејзиното повлекување, Швајцарката Џил Тејхман директно влегува во главната ждрепка, додека Французинката Ализ Корне станува прва резерва.

Се вчитува...