Бразилскиот интернационалец Паулињо одлучи да ја напушти Барселона, прифаќајќи ја понудата на кинескиот клуб Гвангжу Евергранде. Тој ќе се врати во овој клуб по само една сезона мината на „Камп Ноу“. Ќе заработи и Барселона, со оглед дека Паулињо пристигна за сума од 40 милиони евра, а сега Гвангжу ќе плати 10 милиони евра повеќе за повторно да го откупи одличниот играч за врска.
Паулињо од раководството на Гвангжу Евергранде ќе добие четиригодишен договор, а ќе заработува 14 милиони евра по сезона. Бразилецот од 2015 до 2017 година го носеше дресот на Гвангжу Евергранде, одигра 63 натпревари и постигна 17 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА