Пауло Соуса нов тренер за Ристовски во Спортинг, по отказот на Песеиро!?

Поранешниот тренер на Фиорентина, легендарниот португалски репрезентативец Пауло Соуса е пред промоција на клупата на Спортинг Лисабон.

Тимот на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски синоќа му врачи отказ на досегашниот тренер Жозе Песеиро, па наредниот период како привремено решение екипата ќе ја води Тијаго Фернандеш.

Но, како што пренесуваат португалските медиуми, веќе интензивно течат преговорите на раководството со Пауло Соуса кој треба да ја преземе екипата. Соуса, кој како фудбалер имаше блескава кариера во Спортинг Лисабон, Борусија Дортмунд, Јувентус, Интер, Парма, Еспањол…, во тренерската кариеа беше тренер на англиските Квинс парк ренџерс, Лестер и Свонси, на унгарски Видеотон, швајцарски Базел и Фиорентина.

Се вчитува...