Привремениот селектор на фудбалската репрезентација на Србија, Вељко Пауновиќ веројатно донесе одлука за својата иднина на клупата на нашиот северен сосед, пренесуваат српските медиуми.
На 30. октомври, Фудбалската федерација на Србија го назначи Пауновиќ за нов селектор на Србија, наместо Драган Стојковиќ. Пауновиќ ја водеше српската репрезентација во натпреварите против Англија (0-2) и Летонија (2-1) во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
„Секогаш ми беше чест и обврска да одговорам на поканата на нашата репрезентација. Им благодарам на ФСС за укажаната доверба, на играчите за нивниот однос и на публиката што ме прифати прекрасно. Фудбалот ме врати таму каде што му требам и каде што сè започна. Заедно ќе го вратиме српскиот фудбал таму каде што му е местото. Се гледаме наскоро“, напиша Пауновиќ на социјалната мрежа Инстаграм.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

