Пауновиќ: Не знам дали ќе продолжам како селектор на Србија, ми треба време…

Селекторската позиција во српската репрезнтација од синоќа одново е празна. Вељко Пауновиќ го одработи договореното – ја водеше Србија на последните два меча, и сега треба дополнително да донесе одлука дали ќе продолжи со националниот тим.

Пауновиќ ја победи Летонија со 2-1, и тоа беше негова прва победа како селектор, откако претходно со Англија загуби со 2-0, и со тоа ги загуби сите шанси да ја пласира српската репрезентација на Мундијалот идната година.

Тренерот и натаму не знае дали ќе остане на клупата на националниот тим.

„Не можам да кажам ништо сега. Ми треба време. Мислам дека е човечки да имам време, да разговарам со моето семејство, советниците. Сите знаеме дека ова беше вонредна мисија. Можеше да испадне и добро и лошо. Сите три сценарија беа во оптек кога ја донесов одлуката. Сега со ова искуство одам напред, каде што треба да донесам одлука. Јас сакам да работам на долг рок. Морате исто така да ја прашате и другата страна дали е задоволна. Зборувам резервирано, затоа што не е се под моја контрола. Влегов во оваа мисија со најдобри намери, но во исто време оваа ситуација ме нервира“, рече Пауновиќ.

Се вчитува...