Паурич: Македонија е голем фаворит на утрешниот меч

ЕКИПА во Вадуз, Лихтенштајн

Никола Ѓуровски

Лихтенштајн има големи проблеми во одбраната, не играат речиси сите стандардни првотимци и токму затоа Македонија е голем фаворит на утрешниот квалификациски меч, што ќе се одигра на стадионот „Рејнпарк“, со почеток во 20.45 часот. Селекторот на Лихтенштајн, Рене Паурич, комплетно му ја пропушта фаворитската улога на нашиот национален тим, истакнувајќи дека се освен пораз за неговата селекција ќе биде огромен успех. Посебно во ситуација кога недостигаат дури петмина репрезентативци поради повреди и суспензии.

„Македонија е голем фаворит на утрешниот натпревар. Тоа мора да се истакне. Тие во нападот ги имаат Горан Пандев и Илија Несторовски, фудбалери кои настапуваат во Серија А, исто како и Трајковски. Ни имаме проблеми со повреди и суспензии на одредени фудбалери, а, за жал, немаме голем фонд на квалитетни замени кои би можеле да ги заземат нивните позиции. Но, ќе мораме да им дадеме шанса на некои помлади фудбалери и се надевам дека ќе ја искористат“, изјави на прес – конференцијата, Рене Паурич.

Се вчитува...