Пауза за Ди Марија, го пропушта дербито со Рома

Фудбалерот на Јувентус Анхел Ди Марија, ќе паузира најмалку 10 дена поради повреда на адукторот, соопшти клубот од Торино.

Ди Марија дебитираше синоќа во победата на Јувентус над Сасуоло, постигна и гол, забележа и асистенција, но поради повреда мораше да го напушти теренот во 66. минута. Денеска бил на прегледи, после кои е востановено дека повредата не е од потешка природа.

Аргентиноецот сигурно ќе го пропушти гостувањето кај Сампдорија, како и дербито против Рома во Торино во третото коло во Серија „А“.

Ди Марија дојде во Јувентус како слободен играч, откако му истече договорот со ПСЖ.

Се вчитува...