Павард паузира до крајот на годината

Францускиот интернационалец Бенјамин Павард заработи сериозна повреда на бутниот мускул која ќе го оддалечи од терените до крајот на годината, објави бундеслигашот Штутгарт. Тој се повреди на вчерашниот меч против Борусија Менхенгладбах (3-0).

„Павард ќе отсуствува најмалку три седмици. За него оваа година заврши, што се однесува до натпреварите за Штутгарт“, изјави спортскиот директор Михаел Решке.

Павард е на листата на желби на неколку големи европски клубови. Прв во редот е Баерн Минхен, но францускиот репрезентативец го посакуваат и Манчестер сити, Интер, Рома и Пари Сен Жермен.

 

Се вчитува...