Павел Иванов продолжува со САД: Ќе игра за колеџот Бартон

Македонскиот младински кошаркарски репрезентативец Павел Иванов во новата сезона ќе се натпреварува во колеџ лигите на Соединетите американски држави откако официјално стана нов член на колеџот Бартон од Вилсон, Северна Каролина.

Иванов изминатата сезона ја помина во редовите на прволигашот Кожув, а претходно беше дел и од Вардар со кој настапуваше во второлигашката конкуренција и младинските првенства обезбедувајќи пласман со „црвено-црните“ во Прва лига, а во 2023 година беше прогласен и за најкорисен играч на Ф4 во јуниорска конкуренција.

Ова лето тој се прослави во македонската јавност и по имиџот настапувајќи на младинското Европско првенство во Полска со фризура – македонско знаме.

Се вчитува...