Ракометарите на актуелниот шампион на Македонија E. Пелистер утре ќе и гостуваат на Висла Плоцк во натпревар од четвртото коло од новата сезона во Лигата на шампионите.
Ракометарот на битолчани, Павле Атанасијевиќ пред утрешниот меч вели вели дека ја вратиле самодовербата по победата над ГРК Охрид.
„Се подготвуваме колку што можеме, имаме напорен распоред и три натпревари во само седум дена. Висла е силен противник, кој летово доведе уште подобри играчи во својот ростер, но и минатата година се претставија во одлично светло. Нивното ниво сега е уште повисоко, затоа мораме добро да ги анализираме и да се спремиме соодветно. Малку ја вративме самодовербата после победата над Охрид, таму го прикажавме нашето вистинско лице. Мечот со Вардар е во минатото, сега се фокусираме само на идните предизвици“, вели Атанасијевиќ.
Натпреварот кој ќе се игра утре е со почеток во 18.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

