Павле Атанасијевиќ: Немам коментар за тоа што се случуваше на теренот!

Ракометната репрезентација на Македонија го претрпе првиот пораз на СП 2025 откако вечерва по голема борба загубивме од Холандија со резултат 32-37. Избраниците на Лазаров во големи периоди од натпреварот целосно му парираа на фаворитот, но на крајот како клучна се покажа завршницата на првото полувреме во кое „лалињата“ се одлепија резултатски и стигнаа до водство што знаеја како да го задржат до самиот крај. Во моментите кога покажавме карактер и дадовме се за да се вратиме, данските судии со бројни исклучувања и пенали за противниците се погрижија Холандија во мирен финиш да го приведе мечот до крај.

По мечот еден од двајцата браќа во репрезентацијата Павле Атанасијевиќ даде свое мислење за „вараждинската бурлеска“.

„Тежок меч со тешки одлуки. Немам коментар за тоа што се случуваше на теренот. Имаше судиски одлуки за кои што не сакам да навлагам. Слабата наша игра со ракометар помалку беше клучна за поразот. Морам уште еднаш да кажам некои одлуки не беа на наша страна“, изјави Павле Атанасијевиќ 

Се вчитува...