Ракометарите на Е. Пелистер утре од 20:45 часот ги очекување гостувањето против Фуксе Берлин во Лигата на шампионите, во меч кој може да даде многу одговори околу директните шанси на македонскиот шампион за пласман во нокаут фазата од најквалитетното европско клупско натпреварување.
Македонскиот репрезентативец Павле Атанасијевиќ верува дека тимот е подготвен да го даде максимумот.
„Имаме тежок распоред и немаме ден за одмор. Сепак, од прв до последен даваме максимум. Доаѓа Фуксе Берлин и пак ќе бидеме на висината на задачата. Тие се одлична екипа, имаат светски ѕвезди и одиме во Берлин да се обидеме да победиме. Тренерот ќе постави тактика во одбраната и нападот и мислам дека ќе одиграме на ниво. Не се откажуваме, играме до последна минута и тоа е карактеристика која нè краси. Никој не може лесно да нè победи. Сите сме мотивирани, нешто посебно игра во нашите тела и нема замар. Одиме чекор по чекор. Прво Фуксе Берлин, па потоа ПСЖ“ – вели Атанасијевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

