Павле Атанасијевиќ пренесен во Клиничкиот центар во Краков, повредата не е сериозна (ВИДЕО)

Младиот македонски ракометар Павле Атанасијевиќ на носилки по синоќешниот натпревар со Аргентина беше изнесен од „Таурон арената“ во Краков.

Атанасијевиќ по повредата која ја заработи во финишот на натпреварот, а изгледаше навистина сериозно, веднаш беше пренесен во Клиничкиот центар во Краков, каде беа реализирани комплетни дијагностички процедури.

„По првичните прегледи утврдено е дека се работи за контузија (набиеница) на местото каде што е добиен ударот. Повредата не е од сериозен тип“ – е официјалната информација по дијагностичките прегледи.

Наредниве денови дополнително ќе се знае дали и колку Атанасијевиќ ќе може да биде вклучен на натпреварите во „Президент купот“ во Плоцк.

Се вчитува...