Најдобриот македонски каратист Емил Павлов испиша историја освојувајќи го сребрениот медал на Светското првенство кое се одржува во Дубаи. Тој во финалето беше поразен од Французинот, Да Коста, но и покрај тоа го постигна најголемиот успех во историјата на македонското карате.
Претходно од светските смотри медал (бронзен) имаше освоено само неговиот клупски колега од КК Штип и добар пријател и спаринг партнер Жарко Арсовски. Тој по освојувањето на медалот за ЕКИПА.МК вели дека сакал на сите да им докаже дека заслужил да биде дел и од ЛОИ во Токио.
„Искрено чувството е прекрасно. Никогаш Македонија до сега немала финале на Светско првенство. Мило ми е што ја збогатив мојата кариера и со медал од Светско првенство и тоа за првпат откако настапувам во новата категорија која беше дел и од Олимписките игри. Кога дознав дека нема да учествувам на ЛОИ во Токио бев многу разочаран. Тоа беше најголемото разочарување во мојата кариера бидејќи бев многу блиску да се најдам меѓу најдобрите во Токио. Потоа решив дека треба да почнам да се подготвувам за Светското првеснтво и да ја променам категоријата за да докажам дека заслужував да се најдам на игрите во Токио и дека имав квалитет за и таму да освојам медал“, изјави Павлов за ЕКИПА.МК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА