Александер Павлов и Алија Феревски ќе ја претставуваат македонската кошарка на завршниот турнир од Балканската лига, кој оваа сезона ќе се игра во Израел.
Раководството на БИБЛ лигата им оддаде големи признание на двајцата наши арбитри со знакот на ФИБА да бидат во Хахарија, каде од 29. април до 1. мај Хапоел Галил Елион, Макаби Хаифа, Ирони Нахарија и Балкан Ботевград ќе се борат за трофејот.
Освен нашите судиски интернационалци, правдата на овој завршен дел од сезоната во Лигата на Балканот ќе ја делат уште и: Огњен Јокиќ и Сава Цветковиќ (Црна Гора), двоецот од Грција, Диамантис Лортос и Јоанис Аграфиотис, како и Даут Мехмети од Косово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА