Вардар и ППД Загреб во недела ќе играат за титулата во регионалната СЕХА лига. Во првото „скопско финале“ меѓу македонскиот и хрватскиот шампион во СЕХА пред пет години, славеше Загреб и ја освои првата и единствена титула во ова натпреварување. Во најава на новопто финале меѓу старите познаници, во фокусот на интерес беше плејмејкерот на ППД Загреб, Домагој Павловиќ кој во некои шпекулации се поврзува и со можен трансфер во Вардар. Павловиќ посака Загреб повторно да си замине шампионски од Скопје, а не ја исклучи ни можноста за потенцијален трансфер во редовите на македонскиот шампион.
„Нашата примарна цел е остварена – да влеземе во финалето на Ф4 турнирот во СЕХА. Да влеземе цврсто во натпреварот, агресивно на глава, па ќе видиме што ќе биде. Загреб победи во Скопје во првото финале пред пет години. Така нека остане и овој пат“ – посака Домагој Павловиќ.
Иако нагласи дека тоа е „друга тема“, бекот на ППД Загреб потврди дека има „некои разговори“ со Вардар.
„Се зборува. Разговараме, преговараме, разгледуваме…но не би зборувал сега нешто премногу за тоа. Имам уште една година договор со Загреб, па ќе видиме“ – рече Павловиќ.
Финалето меѓу Вардар и ППД Загреб е во недела во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20.15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА