Печурица: Пресреќен сум што ќе бидам дел од ГРК Тиквеш

Македонскиот ракометен суперлигаш Тиквеш се подготвува за стартот на новата сезона на домашен план, но и во Европа.

Една од новите аквизиции на кавадарчани, Василије Печурица вели дека е пресреќен што дошол во овој клуб кој има големи амбиции во новата сезона.

„Пресреќен сум што стигнав во Тиквеш, клуб со традиција и искуство во играње на европска сцена. Екипата ме прифати одлучно и веднаш почуствував дека преовладува права, позитивна атвосфера. Хемијата меѓу нас е одлична, и се надевам дека тоа ќе не краси во текот на целата сезона. Работиме напорно секој ден и темелно се припремаме за предизвиците кои не очекуваат. Верувам во тимот и во она што заедно можеме да го постигнеме. Нестрпливо чекам да почне првенството и да го дадам својот максимум, да ги бранам боите на клубот со гордост и заедно да запишеме што е можно повеќе победи“, изјави Василије Печурица. 

Се вчитува...