Младата ѕвезда на Барселона, шпанскиот репрезентативец Педри се договорил со каталонскиот клуб за продолжување на соработакта до 2030 година, пренесуваат шпанските медиуми.
Актуелниот договор на Педри истекува во 2026 година, а Барселона нема намера да остави ништо на случајност. 22-годишникот добива нов, побогат договор со кој станува јасно дека ќе биде еден од клучните фудбалери на славниот тим во годините кои следат.
Педри потпиша договор со Барселона во 2019 година. Оттогаш настапи на повеќе од 170 натпревари и освои четири трофеи од кои два во шпанскиот Суперкуп и по еден во Купот и првенството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

