Педри и дефинитивно го пропушта „Ел класико“

Еден од најдобрите млади фудбалери во Европа, Педри и дефинитивно нема да биде подготвен за дуелот на неговата Барселона против Реал Мадрид.

Каталонските медиуми пренесуваат дека Педри не добил зелено светло од докторскиот тим за враќање против Шахтјор во Лигата на шампионите, што беше еден од предусловите за тој да може да се најде во комбинација за „Ел класико“ кое е закажана за во сабота.

Чави се надева дека Роберт Левандовски и Рафиња би можеле да добијат зелено светло пред „Ел Класико“, а засега со сигурност се знае дека нема да бидат подготвени ниту Жул Кунде, ниту Серхи Роберто.

Се вчитува...