Педри и носи три бода на Барса од гостувањето кај Жирона (ВИДЕО)

Барселона славеше со 0-1 на гостувањето кај Жирона во натпревар од 19. коло во шпанската Ла лига. Поради повреда уште во 26. минута мораше теренот да го напушти Усман Дембеле, а на негово место влезе младиот Педри.

Токму оваа замена се покажа како клучна бидејќи токму шпанскиот репрезентативец во 61. минута го постигна голот за водство од 0-1 кој на крајот значеше и нови три бода за Каталонците во шпанскиот шампионат.

Girona 0 – [1] Barcelona – Pedri 61'
by insoccer

 

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...