Педри конечно се врати на тренинзите по незгодната повреда (ФОТО)

По незгодната повреда на мускулот и поради која мораше прерано да стави крај на минатата сезона, Педри конечно се врати на тренинзите со Барселона.

Офанзивниот играч за врска се појави на стартот на пресезонските подготовики со насмевка на лицето и една промена која ја забележаа сите шпански новинари.

По одморот и комплетираната рехабилитација, Педри се очекува да биде клучна фигура во системот на Чави во новата сезона, но од корист може да му биде и големата трансформација.

Очигледно е дека Педри минал доста време во теретана во последните два месеци и добил мускулна маса, па споредбите со тоа како изгледал пред една или две години станаа посебно вирални во шпанската јавност.

 

 

 

 

 

Се вчитува...