Педри: Не се грижам за нов договор, во Барса сакам да останам засекогаш

Барселона вчера издвојува победа против Брест во Лигата на шампионите, и „Каталонците“ сериозно си ја отворија вратата кон следната фаза од најелитното натпреварување.

По мечот, играчот од средниот ред Педри беше прашан за нов договор со Барселона, а тој одговори дека не се заморува со тоа, и дека тој секако ќе дојде.

„Нов договор? Не се грижам, секогаш велам дека Барселона е клубот во кој сакам да останам засекогаш“, рече шпанскиот фудбалер.

Педри има договор со Барса до 2026 година, а се очекува „Каталонците“ да му понудат ново продолжување, и клаузула од 1 милијарда евра.

Се вчитува...