Лацио испушти значајни бодови во битката за излез во Европа следната сезона откако во 34. коло од Серија А ремизираше против Парма со 2-2 во натпревар во кој домаќините имаа и негатива од два гола.
Гостите стигнаа до предност уште во 3. минута од средбата преку Ондрејка, а истиот фудбалер донесе и предност од 0-2 во 46. минута пред на сцена да настапи искусниот Педро кој шансата која ја доби во второто полувреме ја искористи фантастично постигнувајќи два гола во 79. и 84. минута за конечни 2-2.
Во останатите натпревари:
Удинезе – Болоња 0-0
Верона – Калјари 0-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА