Поранешниот тренер на Валенсија, Педро Мартинез ќе биде новиот предводник на Басконија. Каталонскиот стратег потпиша договор до 2019 година, а ќе го замени Пабло Приџони кој го напушти кормилото на шпанскиот тим пред два дена.
56-годишниот Мартинез пристигнува од тимот на Валенсија, со кој го освои шпанското првенство минатата сезона, додека го однесе тимот до две финалиња, во „Купот на кралевите“ во Шпанија, како и Еврокупот. Мартинез во Басконија пристигнува со одличје за најдобар тренер во Еврокупот за ланскиот шампионат.
Ова е втор „мандат“ за Мартинез во Басконија, претходно го предводеше тимот во сезоната 2005/2006, а шпанскиот Суперкуп е единствениот трофеј кој успеал да го освои со оваа екипа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА